596
ДУИ денеска соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ продолжуваат и дека се одвиваат на различни партиски нивоа.
„Потврдени се принципите врз кои ќе се заснова следната влада, и тие и беа соопштени на јавноста неколку пати. Се подготвуваме за следните чекори, како што се изработката за детална програма за работа и дефинирање предлози со соодветни, подготвени, чесни и способни кадри“, стои во соопштението од ДУИ.
И од СДСМ денеска испратија соопштение до јавноста дека продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна влада.
„Процесот на сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство, кое треба да осигури нова влада со полн четиригодишен мандат продолжува“, соопштија социјалдемократите.