ДУИ: Поставувањето на крстот на Попова Шапка – договор меѓу ВМРО и Беса

by Fokus

Демократската унија за интеграција жестоко реагира на поставувањето на 15-метарски крст во Туристичкиот центар „Попова Шапка“ и бара одговорност од општина Тетово што го дозволила овој скандал.

„Дали поставувањето на овој крст е нешто претходно договорено меѓу Беса на Билал Касами и ВМРО-ДПМНЕ, услуга чувана во тајност од граѓаните за помошта што ВМРО и ја понуди на Беса на локалните избори за општина Тетово? Нереакција на општината и тенденцијата сето ова да помине во молк, доволно говори за договорот меѓу ВМРО и Беса. Но, тетовчани не молчат, нема да молчиме ниту против овој скандалозен пазар!“ велат од владејачката партија.

Оттаму порачуваат дека „групата советници на ДУИ во општина Тетово веќе побараа појаснување по ова прашање од првиот човек на општина Тетово“.

Демократската унија за интеграција смета дека поставувањето на крстот е сериозна провокација која ги нарушува вредностите на социјална кохезија и бара од институциите во државата да ги преземат сите неопходни институционални мерки за негово отстранување од Попова Шапка и казнување на оние кои дозволиле такво нешто.

Поврзани новости