ДУИ почна со партискиот состанок, Заев ќе реферира пред ЦО во 20 часот

by Frosina Fakova

ДУИ веќе го почна закажаниот состанок на Централниот совет на партијата на кој се дискутира за изборите и коалицискиот договор што го постигнаа договорот со СДСМ.

По нејзиното завршување, се очекува лидерот на партијата да даде изјава за медиумите.

Истовремено, во седиштето на СДСМ во тек е седницата на Извршниот одбор на партијата, а за во 20 часот закажана е и седница на Централниот одбор на СДСМ во хотелот „Холидеј Ин“. И од таму се најавуваат изјави по завршувањето на работната партиска седница.

Претходно Заев во седиштето на партијата имаше средба со партнерите од коалицијата „Можеме“.

 

Поврзани новости