ДУИ: Пет починати деца за помалку од два месеци – Време е за одговорност!

by Fokus

Смртта на уште едно дете во Детската клиника е трагедија која не смее да помине без одговорност, соопштија од ДУИ.

„Ова е петти пат како слушаме за загуба на дете за помалку од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди.

Од едно интервју до друго, министерот е повеќе во партиските игри отколку во министерството, додека нашите најмили ја плаќаат цената на некомпетентноста и негрижата. Ова го премина секој праг на хуманото и прифатливото.

Во име на одговорноста кон граѓаните, бараме итна оставка на директорот на Клиниката и министерот за здравство. Невидената неспособност и неодговорност веќе ги одзема животите на нашите најмили. Ова е аларм кој не смее повеќе да се игнорира!“ порачаа од партијата.

Поврзани новости