Демократската Унија за Интеграција отвори изборен штаб во основното училиште „Јашар Беј Шкупи“, во населбата Дуќанџик во општината Чаир, објави ТВ Шења.
Телевизијата јавува дека членовите на партијата ги спречиле нивните репортери да снимаат и им се заканиле да не објавуваат ништо.
-Нема ништо тука. Не може да се приближите внатре. Ние луди ли сме?! Гледај, немој да снимаш со телефон овој што зборувам. Немој случајно нешто да снимиш, не знам дали ме разбираш, мене да ме снимиш и да излезе нешто, не само вака. Јас не сум душман не знам колку ме разбираш, јас како човек ти кажувам немој случајно да ме снимаш и нешто да излезе…- вели на новинарот на ТВ Шења член на ДУИ, тајно снимен со мобилен телефон.
Запрашани за случајот, од ДИК изјавиле дека тие не се надлежни да се грижат за местата на изборните штабови во кампањата, туку дека тие се надлежни само за денот на изборите.
TEUTA 1 21 11 2016 MK by tvshenjaofficial