ДУИ: Отворањето на нов универзитет е сон на секој Албанец

by Фокус

ДУИ во својата реакција на веста на Алсат М за отворањето на нов универзитет на албански јазик во Скопје ја потврди оваа иницијатива, но и ја нападна телевизијата за „тенденциозно лажење за една инцијатива од национален интерес.“

-Ние не знаеме кои се критериумите според кои се оценуваат националните иницијативи, но да нападнеш отворање на нов универзитет е  пониско од секоја културна, национална  и политичка вредност. Ако пред 21 години за Универзитетот во Тетово требаше да паднат жртви, денес кога Владата мисли да покрени отворање на нов универзитет, професионалното новинарство умира и ни се презентира искривена идејата со национални димензии, пишува во реакцијата на ДУИ.

Од партијата објаснуваат дека отворањето на новиот универзитет  во Скопје, во, како што велат, главниот град на преродбата, бил сон на секој Албанец.

-Многу ни е жал, иако добро разбираме дека може нема да имаме исти сништа. Нагласуваме дека не смееме да поттикнеме нарушување на нашите универзитети, затоа што отворањето на нов универзитет со албански кадар во земјава е токму успех на постојаниот универзитет, ДУТ и УЈИЕ, стои во реакцијата на ДУИ.

 

Поврзани новости