ДУИ: Оставка од министерот за економија и итни мерки против растот на цените

by Fokus

„Министерството за економија, неспособно да се справи со економската криза и неоснованото зголемување на цените на основните продукти, сега ги повикува граѓаните сами да ги решаваат проблемите што Владата не знае и не може да ги реши!

Ова е врвот на апсурдот и најголемата иронија на една неспособна власт, која веќе јавно го признава својот неуспех.

Наместо да преземе конкретни мерки за спречување на инфлацијата, сузбивање на шпекулациите и заштита на животниот стандард на граѓаните, министерот за економија се крие зад празна пропаганда и ја префрла одговорноста врз граѓаните.

Оваа влада веќе нема ниту легитимитет, ниту капацитет да управува со државата.

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на министерот за економија и преземање на итни мерки за запирање на неоснованото зголемување на цените.

Наместо Владата да игра театар со граѓаните, нека ја преземе одговорноста што ѝ припаѓа“, соопштија денеска од опозициската ДУИ.

Поврзани новости