Последната одлука на Уставниот суд за започнување на процедурата за оценка на уставноста на одредбите поврзани со „припадноста на заедницата” во контекст на вработувањето во јавниот сектор, односно поништување на „балансерот“, е само почеток на влошувањето на меѓуетничките односи, кои беа изградени со многу потешкотии, реагираат од ДУИ.
-Прашањето за укинување на „балансерот“ ќе отвори многу нови проблеми во наредниот период, кои можат и ќе доведат до нарушување на темелите на Охридскиот договор. Но, така се случува кога се крши волјата на Албанците и без срам се станува вазал на ВМРО, против секој национален интерес. Јасно е дека оваа моноетничка влада, без легитимитет од Албанците, сака да ја врати претходната нееднаквост. Затоа ги прашуваме нивните вазали од ВЛЕН, во овој дух, како што течат работите, дали следниот чекор е констатацијата дека „декларацијата на етничката припадност“ за кандидатите за пратеници е „антиуставна“? Затоа што токму тоа алудира на одлуката на Уставниот суд: „Декларацијата на етничката припадност ја повредува слободата на граѓаните“! Дали и за ова ќе ја оправдате одлуката, како што ја оправдувате суспензијата на балансерот заедно со ВМРО и ЗНАМ?, велат од ДУИ.