451
Со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не се даде мандат за состав на нова влада само се продлабочува кризата, сметаат од ДУИ.
Портпаролот на партијата, Бујар Османи во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК предупредува на катастрофални последици, доколку политичката криза се префрли на интерничка основа.
-ДУИ го осудува обидот заедничката Декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа на туѓа држава. Ова, како и упорноста политичката криза да се префрли на интеретничка основа, може да доведе до катастрофална ситуација во државата -предупреди Османи во име на Демократската унија за интеграција.