ДУИ објави фотографија на која Ахмети држи меч: Скопје му го даде мечот на командантот!

by fokus 13:48
13:48

Али Ахмети држи меч во своите раце. Ваква фотографија е споделена на фејсбук-страницата на неговата партија ДУИ, а под неа пишува „Скопје му го даде мечот на командантот“.

Од ДУИ алудираат на говорот на Ахмети за време на предизборниот собир во Скопје.

Ахмети, вчера од главниот град побара од младите Албанци да му го дадат мечот на 15 јули и да се види како неговите раце функционираат.

„Жалам зошто моите колеги Македонци се однесуваат со ваква паника, зошто не излегуваат на дебата, зошто не се соочуваат со Насер Зибери. Со Насер Зибери не се соочуваат заради тоа што им фали знаењето на Насер Зибери. Насер Зибери на соочување оди на природен начин, не со тендеција. Тој оди да ги брани интересите. Од овде барам од младите Албанци, од мисионерите Албанците на 15 јули да ми го дадат мечот и ќе видите како ќе ги ставам во функција моите раце, рече Ахмети.

Поврзани новости