ДУИ: Нема да коментираме за Груби, тој веќе не е дел од партијата

by fokus

Нема да коментираме за Груби, тој веќе не е дел од партијата. Ова го изјавиле од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за ТВ 24 на барањето коментар во врска со тврдењата на првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити дека неговиот претходник на оваа функција (прв вицепремиер), Артан Груби, кој е во бегство, не е веќе во Косово, туку е во Албанија.

Меџити, кој доаѓа од коалицијата „Вреди“, политичкиот ривал на коалицијата „Европски фронт“, на која припаѓаше Артан Груби, во гостување на албанската телевизија Ора њуз изјавил дека тој веќе не е во Косово, туку е во Албанија. Оваа информација претходно ја објави и ,,Фокус”.

Работата на политичарите, како што кажа тој, е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот.

„Секој кој се огрешил треба да одговара, а ќе оставиме на МВР и на судството да си ја вршат својата работа. Тоа не е наша работа, работа на политичарите е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот“, изјави Меџити пред почеток на настанот во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, пренесе МИА.

Поврзани новости