599
ДУИ не открива како течат преговорите за формирањето на новата влада. Од таму велат дека до крајот на неделата ќе има разговори за сите опции на партијата, но велат дека се уште немаат официјално започнато преговори.
Опциите на Али Ахмети се коалиција со Груевски, коалиција со Заев, нови избори, широка техничка влада или ДУИ да се пресели во опозиција што би значело и нови избори, бидејќи ДУИ е клучна за правење влада.
Во Мала Речица се чека покана од мандатарот Никола Груевски, а ДУИ вели оти ќе инсистира дека влада ќе се формира со оние што ќе ги прифатат нивните услови – рамноправа употреба на албанскиот јазик, продолжување на мандатот на СЈО, ЕУ и НАТО интеграцијата.