ДУИ не е заинтересирана да биде дел од владата, му рекол Ахмети на чешкиот амбасадор

by Фокус

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Тетово се сретна со чешкиот амбасадор во Скопје, Јарослав Лудва. Ахмети и амбасадорот Лудва главно разговараа за интеграцијата на земјата во обединета Европа и петте приоритети кои ги објави Ахмети.

„Уставните измени и продолжувањето на европскиот пат е приоритет над приоритетите на Ахмети, Демократската унија за интеграција и Албанците, но тоа треба да биде приоритет за сите. Ветингот за политичари, судии и обвинители со меѓународен мониторинг, проверка на богатството и имотот ма сите носители на јавни функции, истрагата за приватизацијата и олигархијата креирана од тој процес, се предуслови за неселективно владеење на правото и стопирање на политички лов на вештерки со партиска пропаганда“, соопшти ДУИ.

ДУИ не е заинтересирана да биде дел од владата, но, како што соопштија, ќе продолжи да алармира дека на власта и недостасува етнички легитимитет и тоа ги прави владините одлуки моноетнички.

Поврзани новости