ДУИ: Насер Зибери во 12 часот ќе одржи седница пред Владата

by Fokus

Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец, денеска напладне пред Владата ќе ја презентира, како што велат од ДУИ, владината програма на првата владина седница.

-Денес, понеделник, 29 јуни, со почеток во 12:00 часот, пред зградата на Владата во Скопје, првиот албански премиер ќе ја одржи првата владина седница на која ќе им ја претстави владината програма на граѓаните, соопшти ДУИ, партијата која стои зад идејата за прв премиер Албанец на Македонија.
Зибери  синоќа одржа говор во Сарај.-Го посветив целиот мој живот за еднаквост на Албанците и подобар живот за Албанците како пратеник на Собранието, како министер за труд и социјална политика, како адвокат и во последните години како политички аналитичар. Имав чест да дадам свој придонес во текстот на Охридскиот рамковен договор. Ја извојувавме битката, но борбата за еднаквост сè уште не е завршена. Затоа реков да. Повикот на Али Ахмети беше повик на должност, моја должност да му служам на албанското прашање, рече Зибери во Сарај.

Поврзани новости