Институциите треба да преземат мерки снимките од монтираните приватни телефонски разговори меѓу функционери на ДУИ итно да се тргнат од Јутјуб, порталите што ги објавуваат овие снимки да се казнат и да се пронајдат лицата што стојат зад сето ова, предупредуваат од ДУИ. Во спротивно, некои спроведувањето на правдата ќе го преземат во свои раце, велат од ДУИ.
Од албанската партија на власт додаваат дека ќе бидат поднесени пријави до повеќе институции за нереагирање и непреземање мерки во заштитата на приватноста и кривични пријави до медиумите кои овие разговори ги објавиле.
Инаку, деновиве на социјалните мрежи и по порталите беше објавена снимка меѓу потпретседателот на Владата Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети, а претходно се појави снимка од телефонски разговор меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот министер за правда Блерим Беџети.