ДУИ вечерва ќе оддржи седница на партиското Централно претседателство, која следува откако парламентарното мнозинство го изгласа Законот за јазици во крајно тензична атмосфера поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Од албанската владејачка партија велат дека станува збор за редовна седница на партискиот извршен орган, на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба.
Неофицијално, треба да се отвори дебата за работата и учинокот на министрите и другите јавни функционери именувани како кадри од редовите на интегративците.
Партиски извори тврдат дека партискиот лидер Али Ахмети е задоволен од работата на вицепремиерот Бујар Османи, додека имал забелешки во однос на другите министри.
Ова следува во пресрет на пролетната владина реконструкција која и денес ја најави премиерот Зоран Заев.