ДУИ на седница ќе го разгледува коалицискиот договор

by Fokus

Централниот совет на ДУИ, денеска на седница, ќе дискутира за изборите и коалицискиот договор. Седницата на советот ја свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети. По нејзиното завршување, предвидена е изјава за медиумите.

Вчера Ахмети и Заев објавија дека постигнале договор за нова Влада, во која Заев ќе биде премиер во следните четири години, а ДУИ ќе може да предложи премиер-Албанец во последните 100 дена од новата влада. Поделбата на ресорите дополнително ќе се утврдува.

Поврзани новости