ДУИ му се заканува на новинарот Мухамед Зекири

by Фокус 18:33
18:33

Новинарот Мухамед Зекири, уредник во Тв Шења, на својот Фејсбук профил објави дека некој од ДУИ му се заканува нему и на неговото семејство. Зекири претходно беше уредник во Алсат телевизија од која замина заради одредени притисоци. Тој на социјалната мрежа го објави следното:

-Од тоа што го има запишано Господ да се случи не може да избега никој. Се плашам само од возвишениот Алах и никој друг. Почитувани пријатели сакам јавно да Ви се обратам и да споделам со Вас дека последниве денови се зголемени заканите кон мене и моето семејство. Целта е јасна да ме вознемират и уплашат . Но им ставам јасно до знаење ним, дека ниту им се плашам ниту ме вознемируваат. Јас ќе продолжам да бидам тој што сум, истиот тој Мухамед кој што го познавате. Јас ќе продолжам со Вас да ги споделувам моите ставови за случувањата во нашава земја. На многумина може тоа да не им се допаѓа но јас нема да престанам да го кажувам тоа што го мислам. Знам дека албанската пртија на власт ДУИ и нејзините г’золижачи се вознемирени и го имаат изгубено патот во сопствениот двор и единственото нешто што им преостанало е заплшувањето и заканите кон неистомислениците.
Не ви се плашам !!!
Од запишаното од Господ никој не може да избега. Еднаш сум се родил еднаш ќе умрам.
До мојот последен здив ќе се борам против злото и злосторниците.

- Advertisements -

Поврзани новости