ДУИ: Мицкоски со лажни вести намерно ги загрозува меѓуетничките односи

by Fokus

„Мицкоски и ВМРО почнаа со лажни вести да измислуваат, дезинформираат и оцрнуваат се што е албанско. Ни помалку ни повеќе, денес, Мицкоски во стилот на лажни вести и заслепен од желбата за власт ја обвинува ДУИ и Али Ахмети дека организирале вооружена група некаде во Чаир и Бутел“ реагираат од ДУИ на информација лиферувана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека „Соработник на Ахмети координира група на вооружени лица во Бутел и Чаир“.

Од партијата велат „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за подбуцнувачкиот вокабулар на меѓуетничка омраза на Мицкоски една недела пред 8 мај, денот кога Европскиот фронт ќе ја одбележи својата длабока победа“.

„Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија. Во оваа прилика, ДУИ и Европскиот фронт ги повикуваат граѓаните, без разлика на етничката припадност, да не станат плен на измислици и поттикнување меѓуетничка омраза, бидејќи вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин, кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија посебно, а и регионот во целина“ стои во партиското соопштение.

Поврзани новости