Кон крајот на март, поточно на 28 и 29 март, ќе се оддржи тематскиот конгрес на ДУИ, кој беше најавен за крајот на минатата година на изборниот конгрес на албанската владејачка партија оддржат кон средината на 2014 година, информираше шефот на кабинет на партискиот лидер Али Ахмети – Артан Груби.
– Активностите на конгресот ќе се одржат во текот на двата дена и делегатите ќе имаат можност да ги следат презентациите на гостите на три дополнителни панели на активностите од Конгресот, кои ќе се осврнат на евроатланските интеграции и доборсоседството, доброто владеење и консензуалната демократија, економскиот развој и социјалната благосостојба – рече Груби.
Тој додаде дека меѓу учесниците на конгресот ќе бидат поранешниот американски дипломат, Даниел Сервер, поранешниот амбасадор на НАТО Хансјорг Еиф, поранешниот Амбасадор на ЕУ, Ерван Фуере, поранешниот грчки Амбасадор во Скопје и Вашингтон, Александрос Малиас…