Демократската унија за интеграции најави дека ќе поднесе интерпелација до Собранието за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски по иницидентите што се случија на Денот на албанското знаме.
-Ако нема оставка ние овие денови до Собранието ќе поднесеме интерпелација против Тошковски и неговиот заменик со која ќе ја докажеме нивната неодговорност, неспособност и штетата што ја нанесоа врз мирот стабилноста и етничката кохезија. Апелираме до граѓаните да бидат мирни и да избегнуваат било какви провокации од одредени структури, изјавија од ДУИ.
Во однос на најавената интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, вицепремиерот, Изет Меџити рече дека треба да се остават институциите да го расветлат случајот и ситуацијата и на крај, како што кажа, ќе бидат евидентни одговорите зошто баш тие луѓе некако се поврзуваат токму со овие што покренуваат интерпелација.