ДУИ ќе го предложи Арбер Адеми за министер за образование, а ќе го отстапи Министерството за правда?

by fokus

Утре се очекува да бидат јавно објавени имињата на новите министри и заменици-министри, кои ќе ги пополнат новиот владин кабинет по зголемувањето на парламентарното мнозинство кое сега го сочинуваат коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, Движењето Беса и ДПА, пишува Zhurnal.mk

ДПА веќе објави дека за министер без ресор задолжен за странски инвестиции ќе биде предложен Бардул Дауити додека за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски Мусадик Беќири. А од друга страна Движењето Беса за министер за култура го предложи кандидатот за градоначалник на Гостивар, Асаф Адам, додека се уште ги нема објавено имињата на замениците-министри во Министерството за надворешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Од друга страна се очекува СДСМ и ДУИ да направат рокада во некои ресори, каде што ДУИ ќе го остави Министерството за правда, за што новинската агенција Zhurnal.mk напиша пред неколку недели, а ќе го земе ресорот за образование и наука. Неофицијално Журнал дознава дека утре интегративците за министер ќе го предложат сегашниот заменик-министер, Арбер Адеми, при што се зборува дека сегашната министерка за образование и наука, Рената Дескоска, преминува да го води Министерството за правда. Инаку и поззицијата заменик-министер за здравство му следи на ДУИ, но се очекува неговото име да биде објавено утре.

Поврзани новости