Законските измени ќе се најдат во Собранието в среда. За да бидат усвоени, измените треба да добијат двотретинско, но и бадентерово мнозинство од пратениците. Ако Предлог-законот не помине, тогаш во Сарај, Аеродром и Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници
Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) ќе ги подджи измените на Законот за локална самоуправа со кои се предвидува продолжување на мандатот на актуелните в.д. градоначалници во Сарај, Аеродром и Гостивар до редовните локални избори во октомври идната година, објави Телевизија 24.
Законските измени ќе се најдат во Собранието в среда. За да бидат усвоени, измените треба да добијат двотретинско, но и бадентерово мнозинство од пратениците. Ако Предлог-законот не помине, тогаш во Сарај, Аеродром и Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.
Предлагачи на законските измени се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Бобан Карапејовски. Од ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска порачаа оти очекуваат поддршка од сите политички партии за измените на Законот за локална самоуправа.