ДУИ кампањата за референдумот ја почнува од Тетово, а ќе ја заврши во Скопје

by fokus

Централниот Штаб на Демократската Унија за Интеграција за референдумот на 30 септември одржa состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 – те шефови на општинските штабови на ограноците на ДУИ.

Шефот на Централниот штаб , др. Атила Рецепи, го утврди основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им додели одлуки на избраните шефови на општинските штабови пожелувајќи им успешна работа.

Централниот штаб на Демократската Унија за Интеграција оцени дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, додека собирите со граѓаните ќе ги почне во понеделник во Тетово, а ќе ги заврши во Скопје.

Поврзани новости