0
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази почит кон одлуката на Стејт Департментот на САД, со која екс вицепремиерот Артан Груби и судијата Енвер Беџети, се ставени на црната листа.
„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, велат од партијата.
ДУИ нагласува дека партнерството со САД останува клучно за зајакнување на демократските вредности и транспарентноста.