797
ДУИ смета дека инцидентот во Гошинце е акт кој и наштетува на агендата на Албанците во Македонија, како и воопшто на националната агенда.
„ДУИ ги повикува граѓаните да не се грижат и да не наседнуваат на провокации. Ги уверуваме граѓаните дека овие инциденти нема да не оттргнат од нашата зацртана агенда и од нашите активности. Бараме од надлежните институции да ја преземат својата одговорност за да им гарантираат безбедност на граѓаните и што побрзо да го расветлат настанот“, стои во соопштението од партијата на Али Ахмети.