ДУИ и денеска пред Уставниот суд на „Стража на јазикот“

by Fokus

ДУИ и денеска се пред Уставниот суд, велат дека шаторите ќе останат таму се до среда кога е закажана седницата на Уставен.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека Владата од прв ден се обидува да ја дестабилизира земјата и ги предизвикува граѓаните во најсвети прашања како етнички идентитет, јазици и нивната волја.

Од Европскиот фронт се сомневаат дека се подготвува укинување на овој закон, но и на придобивките од Охридскиот мировен договор, кој за нив е гаранција за еднаквост и праведност.

Изминатите денови и премиерот Мицкоски и од коалицијата ВЛЕН рекоа дека во среда нема да се укине законот за јазиците. Од власта повеќепати возвратија дека членовите на ДУИ стравуваат поради криминалот што го практикувале додека биле на власт и дека не се грижат за албанскиот народ, туку само за себе.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвинија ДУИ дека праци политички циркус.

Законот за јазиците беше оспорен пред Уставниот суд со 12 иницијативи уште пред пет години. Меѓу иницијаторите се ВМРО-ДПМНЕ, Левица, организации, адвокати, професори…

Поврзани новости