615
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со Христијан Мицкоски изјави дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи е со многу богато искуство.
-Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада е кандидат со многу богата биографија и ако се усогласат со СДСМ, тоа би бил кандидат со искуство, ново искуство, кое според мене би било добро за МВР, но и за ред и мир, рече Ахмети.
Тој појасни дека кандидатот не бил активист ниту во политичкиот живот, ниту во цивилното општество, туку е професионалец.