547
ДУИ се обраќа на погрешна адреса, одговараат од кабинетот на претседателот откако албанската владејачка партија вчера реагираше поради тоа што Ѓорге Иванов го разрешил Мухамед Исмаили од позицијата заменик директор на Агенцијата за разузнавање.
Според „интегративците“, со ова нелегитимниот претседател Иванов покажал дека непринципиелно се однеусва кога е во прашање заспатеноста на Албанците во државните институции.
Како што објави Алсат-М, ова е резултат на новата систематизација која ја укинува позицијата заменик-директор во Агенцијата, за што на владина седница гласале и министрите на Али Ахмети.