Пратеникот на ДУИ Артан Груби денеска во Собранието зборувал со британскиот амбасадор Чарлс Гарет и меѓи другото го информирал и за денешниот инцидент во Парламентот меѓу пратениците на ДУИ и на ДПА.
Како што велат интегративците, пратеникот Груби го информирал амбасадорот Гарет дека пратеничката група на ДУИ го осудува срамниот инцидент инициран од страна на пратениците на ДПА Орхан Ибраими и Беким Фазлиу и го извести британскиот Амбасадор за барањата на ДУИ да се воспостави Анкетна комисија за овој инцидент можно поскоро.
ДУИ преку соопштение попладнево уште еднаш го осуди инцидентот.
„Вербалното и физичкото насилство немаат место во храмот надемократијата, уште по малку во време кога нашата земја со посветеност се стреми да им се придружи на европските вредности. ДУИ со жалост ја констатира честата појава на насилниот речник и однесување на пратениците на ДПА во Собранието, и оценува дека недостигот на политичка понуда не може да се замени со манифестирање на насилство и агресија“.