575
ДУИ ги обелодени имињата на носителите на изборните листи за претстојните парламентарни избори на 11 декември.
Во шестата изборна единица носител ќе биде лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во првата носител ќе биде Артан Груби, во втората Ејуп Халими, во третата Нафи Дурмиши, во четвртата Артин Спахиу, во петтата Агим Шаќири и во седмата Џевдет Спахиу.
ДУИ информира дека лидерот Али Ахмети, ја поздравил одлуката на Советот и изразил уверување дека овие кандидати ќе дадат свој придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на парламентот.