ДУИ е подготвена да ја напушти Владата истиот ден кога уставните измени ќе стапат на сила

by Fokus

Демократската унија за интеграција на денешниот состанок уште еднаш потврди дека се подготвени да ја напуштат Владата, во истиот ден кога ќе стапат на сила уставните измени.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи кажа дека со негласање на измените, државата би пропуштила историска шанса која нема да се повтори во следните 20 години.

Партијата по состанокот на раководството повика и на почеток на ветинг на сите политички партии од претседатели до последен партиски функционер за, како што велат, да се стави крај на борбата против корупцијата.

 

Поврзани новости