ДУИ денеска конечно ќе се огласи за ставањето на Мерко на „црната листа“ на САД

by Fokus

Владиниот коалициски партнер Демократската унија за интеграции (ДУИ) по два дена, денеска се очекува конечно да излезе со коментар за ставањето на градоначалникот на Струга и член на централното претседателство на партијата Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

Неговиот сопартиец, министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека партијата ќе има свој став и изјава во врска со случајот.

Министерот не сакаше да одговори како тој гледа на оваа ситуација и ставањето на Мерко на црната листа.

„Ме прашувате за политичко и за партиско прашање. Тоа ќе го добиете денеска во текот на денот од партијата“, рече Бесими.

На истиот настан беше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој смета дека е добро да се позанимаваме со случајот со Мерко и нашите институции.

Поврзани новости