ДУИ денеска избира Конгрес на постојаноста, Национален совет и Партиска изборна комисија

by Фокус

ДУИ на денешниот четврти изборен партиски конгрес, покрај тоа што ќе го избере Али Ахмети за старо-нов претседарел, ќе избере и Конгрес на постојаноста составен од една третина од делегатите кои што ќе бидат постојани делегати, Партиска изборна комисија, како и Национален совет каде што ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство.

„Исто така, ќе се усвојат статутарни промени со сите нови органи, вклучително и Секретар за Еднакви Можности, и 5 Резолуции како програмски приоритети: Консенсуална Интеграција, Ветинг, Квалитетен живот, Развој и работни места, и Младите на прво место како и Декларација за нашите вредности. Убедени сме дека резултатот од Конгресот ќе придонесе врз градење на оддржливи политики кои што ќе бидат од корист на сите граѓани на нашата земја“, информираат од ДУИ.

Инаку, Конгресот ќе се оддржи денес со почеток во 16 часот во Спортско-рекреативниот центар „Кале“ во Скопје. Претходно, ДУИ избра целосно нов состав на младината и женскиот форум, скоро 100 отсто нови претседатели на ограноци и над 90 отсто нови претседатели на подограноците во конструктивна, демократска и транспарентна постапка.

Поврзани новости