ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце

by Fokus

Демократската унија за интеграција смета дека уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на Александар Николовски е целосно демантирана, бидејќи и самиот Николовски во Собранието потврди дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце, како што тој обвинуваше со недели.

„Во Собранието, Николовски откри имиња на 4 фирми кои за свои потреби купиле земјиште во близина на трасата Скопје – Блаце, а ниту една од нив нема ниту една единствена врска со ниту еден функционер на Демократскиот сојуз за интеграција.

- Advertisements -

ДУИ бараше Николовски јавно да ги открие сите имиња на функционери на ДУИ кои, според него, купиле земјиште на патната оска Скопје – Блаце.

Николовски вчера во Собранието се демантираше себеси и ВМРО ДПМНЕ.

Секојдневните ретерирања на Владата, како за коридорот 8, така и за автопатот Скопје – Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата влада и владините министри без етнички легитимитет.

Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО и Влен треба да се земат со голема резерва бидејќи тие се предомислија за секое прашање и ги негираа нивните лажни обвинувања. Неколкугодишниот Политички лов на вештерки целосно пропадна имсе демонтира, вистината победи! “ порачаа од ДУИ.

Поврзани новости