ДУИ: Да се истражи доделувањето на 16 милиони евра од општина Чаир, на две фирми со ист сопственик

by Fokus

Од Демократската унија за интеграција велат дека  со загриженост ги следат медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир.

„Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО“ и “ЕнергоИнвест Трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.

Според информациите, општина Чаир со компанијата „Бауер БГ“ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот “Скендербег“ во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра“, истакнуваат во реакцијата од ДУИ.

Ги повикуваат надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот.

Поврзани новости