„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи случувањата околу сомнежите за злоупотреби на Клиниката за онкологија. ДУИ бара надлежните институции, особено обвинителството итно и темелно да ги истражат сите наводи за сериозна злоупотреба над животот и здравјето на пациентите“ се вели во партиското соопштение.
Од владејачката партија велат дека „целосно ја поддржуваат акцијата спроведена пред неколку дена од страна на МВР и Обвинителството и ги повикуваат институциите да спроведуваат вакви истраги и во другите клиники и институции“.
„Овие тврдења вклучуваат луѓе инволвирани низ годините и меѓу администрацијата, затоа политичките партии треба да се држат настрана од истрагите и да не ги компромитираат, туку да ги поддржуваат без резерва.
Демократската унија за интеграција бара одговорните лица да излезат пред лицето на правдата и да не се злоупотребува за политички цели во време кога државата се наоѓа пред уште еден важен предизвик.
ДУИ, истотака, апелира да не се линчува целиот медицински персонал кој секојдневно е на должност и спасува животи“ – се наведува во партиското соопштение.