ДУИ бара осуда за Таравари зашто го цитираше Хитлер на фејсбук

by Фокус

ДУИ на Али Ахмети жестоко реагираше во однос на фејсбук-статус на градоначалникот на Гостивар од Алијанса за Албанците Арбен Таравари, бидејќи го спомнал германскиот нацистички диктатор Адолф Хитлер. Поради тоа, интегративците ја повикаа академската заедница, медиумите, новинарите и невладините организации да ја осудат објавата на Таравари.

„Неверојатно, но за жал вистинито. Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна и бесмислена и провокативна метафора напишана на неговата веб-страница на Фејсбук“, истакнаа од ДУИ.

Што точно напиша Таравари:

„Втората светска војна можеше да заврши порано и можеше да се спасат многу животи кои беа збришани како резултат на нејзиното лудило. Во време кога Хитлер почнал да се намалува донекаде во воената моќ и мапата на неговите освојувања почнала да се распаѓа, еден од неговите команданти го информирал за овие работи и го замолил да се повлече од војната затоа што биле убиени многу невини луѓе, меѓу кои и многу деца. Хитлер категорично му се спротивставил со: „Затоа што народот гласаше за нас, сега нека трпи смрт!“.

Поврзани новости