497
ДУИ го осуди денешниот инцидент во Струга во кој беше убиен Аргетим Асани. Од партијата велат дека убиениот заменик директор на УЈП ниту е член на партијата ниту е партиски функционер, туку на таа позиција бил поставен како кадар на Нова демократија.
Асани, со неколку куршуми беше застрелан околу 13.20 часот на улицата Маркс и Енгелс во Струга, по што им подлегна на повредите.
Полицијата извести дека кон него било пукано од возило „голф“ црна боја. Штом испукале неколку куршуми, напаѓачите избегале, а по нив е започната голема потрага.