ДУИ: Албанците се понижуваат и омаловажуваат од слугите на ВМРО-ДПМНЕ и 30 години подоцна се враќаат со своите права како граѓани од втор ред

by Fokus

Демократската унија за интеграција и граѓаните се шокирани од бруталните и секојдневни лаги на поразените на изборите и слугите на ВМРО на чело со Изет Меxити за официјалниот албански јазик и обидот на Уставниот суд да го укине, нагласуваат од оваа партија.

„Во секое медиумско појавување бесрамно зборуваат лаги, во секоја постапка грешат.

За толку кратко време на власт Изет и ВЛЕН продолжуваат да уништуваат се што е постигнато за Албанците.

Изет вчера побара отчет од ДУИ зошто сме го прифатиле албанскиот закон таков каков што е?!

Одговорот го знае Изет, бидејќи самиот тој ја предводеше преговарачката група од ДУИ со СДСМ и го презентираше Законот под претседателството на партијата, дури и во значително послаба форма од законот што беше усвоен во 2019 година.

Истиот тој закон, Таравари тврдеше дека го донел, во многу јавни изјави, иако Владата не отвори уста кога се изгласа законот.

Изет и ВЛЕН, како вазали и без легитимитет, веќе се претворија во достојни бранители и промотори на антиалбанската политика на ВМРО, а секој напад врз Албанците се обидуваат да го релативизираат и привлечат вниманието кон ДУИ и Европскиот фронт.

Така се случи со назначувањето на Путин на Стоилковиќ за министер за Охридскиот договор, смената на Балансерот, прекинот на работата на Коридорот 8, омаловажувањето на претседателот на Република Косово и обидот за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, до подготовка на теренот за укинување на Законот за употреба на јазиците“, истакнуваат од ДУИ.

Албанците се понижуваат и омаловажуваат од слугите на ВМРО ДПМНЕ и 30 години подоцна се враќаат со своите права како граѓани од втор ред.

Поврзани новости