„По вчерашното срамно откритие, каде што изјавите на некои албански партии се покажаа дека се напишани во седиштата на македонските партии и потоа доставени за да се нападне ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети, сакаме да нагласиме дека овој чин предизвика длабок гнев и револт меѓу Албанците. Албанците никогаш нема да прифатат да бидат користени како алатки во сценарија напишани во седиштата на македонските партии“ соопштија денеска од ДУИ.
Од партијата велат „Наместо да градат политики што им служат на националните интереси на Албанците, овие партии стануваат алатки на силите кои имаат за цел да ги оштетат нашите интереси. Ова не е напад само на една партија или еден лидер, туку е обид да се руши достоинството и националните аспирации на Албанците“.
„ДУИ останува цврсто посветена на заштитата на интересите на Албанците и на сите граѓани со транспарентност и достоинство.
Нема да дозволиме овие ниски маневри да не запрат на нашиот пат кон исполнување на аспирациите на Албанците за еднаквост и праведно претставување. Ги повикуваме сите граѓани Албанци да продолжат да останат обединети и будни против овие обиди да не разделат и да манипулираат со јавното мислење. ДУИ и Али Ахмети ќе продолжат со максимална посветеност да ја водат албанската кауза со достоинство, секогаш почитувајќи ја волјата и аспирациите на албанскиот народ“ се вели во партиското соопштение.