ДУИ: Албанската опозиција стои во шалтерите на македонските партии и ни ја уништува преговарачката позиција

by fokus

Недостоинствената стоење на албанската опозиција во ходниците на македонските партии не може да го покрие нивниот неуспех на изборите на 15 јули и длабокиот пораз од  Али Ахмети и Демократската унија за интеграција, велат денеска од ДУИ.

-Дури и неразумното напуштање во очите на сите Албанци на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии е во функција на дефокусирање од поразот, неуспехот и има за цел да ја избегне одговорноста на лидерите на овие политички партии пред гласачкото тело и нивните партиски тела. Тие го гледаат своето преживување на политичката сцена преку обиди за неуспешност на Албанците со тоа што стојат на ред на шалтерите на СДСМ и ВМРО и уништувајќи ги преговарачките позиции на победникот и легитимниот претставник на Албанците. Не претворајте го вашиот неуспех во неуспех на Албанците затоа што Албанците нема да ви простат и да го заборават ова недостоинствено однесување.

Поврзани новости