79
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека лидерот на партијата Али Ахмети утре во 11 часот ќе ја соопштел големата вест.
„Ве известуваме дека утре (четврток, 22.02.2024) со почеток во 11:00 часот, Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук за да ја соопшти големата вест“ велат од ДУИ.
Претходно денеска проструи веста дека градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, ќе биде кандидат на ДУИ за претседател на државата, па се пртпоставува дека тоа е големата вест која Ахмети утре ќе ја соопшти.