“Духови” во Индонезија ги бркаат луѓето од улиците

by fokus

Кепух е село во Индонезија кое на уникатен начин се обидува да ги натера своите жители да седат дома во време на корона вирусот.

Минувачите на улиците во ова село од неодамна ги прогонуваат духови, пишува „Ројтерст“.

Во селото се спроведува патрола од страна на „духови“ по идеја на селската младинска група, која сакале да направат нешто различно, но и да има ефект.

Акцијата се спроведува во координација со полицијата, меѓутоа, првично довела во спротивен ефект, па наместо да ги задржи мештаните во своите домови, тие излегувале за да ги видат духовите. По ваквиот контраефект организаторите ја смениле тактиката, па почнале ненајавено да прават патроли.

Како духови со бели чаршави, патролираат селани волонтери.

Поврзани новости