Канал 5 вечерва соопшти дека ќе биде домаќин на телевизискиот дуел, како што велат, на деценијата, меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По прелиминарно искажаната подготвеност на двајцата лидери и неколкудневни консултации со двете страни, договорено е дуелот да се одржи во вторник, 26 март, во рамки на емисијата „Само вистина“, со почеток во 18 часот и 30 минути, информираше вечерва телевизијата Канал 5.
Присуството , како што нагласуваат, го потврдиле денеска и од двете партии.
– Како новина, по завршувањето на дуелот најавуваме т.н. Проверка на фактите, во која новинарски тим на Канал 5, ќе ги проверува и споредува тврдењата на лидерите со релеватните извештаи од домашните и меѓународните инситуции, со цел да се избегнат манипулации со јавноста – велат од Канал 5.