Од црни кошули излегуваат лесни зборови, му рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов на противкандидатот од Левица Петар Георгиевски – Камиказа, алудирајќи на лидерот на Левица Димитар Апасиев, кој во јавноста се појавува во црна кошула.
-Тоа е нешто што всушност го краси незнаењето, на тоа каде е местото на градот и кои се неговите ингеренции. Скопје во постапката на издавање градежни дозволи не е странка. Странки се општините и субјектите кои што градат – рече Шилегов.
Притоа, Георгиевски посочи дека носи сина кошула како Шилегов и му се обрати на противкандидатот Бени Шаќири, кој беше облечен во црно, прашувајќи од кога е лошо човек да биде така облечен?
-Кога ќе биде готов луна-парков што го ветивте – праша Георгиевски? Шилегов му одговори дека рокот е до средината на 2023 година, по што Георгиевски возврати дека постојано зборува за проекти што ќе ги оствари во иднина, иако веќе има еден мандат зад себе.