Курто Дудуш, градоначалникот на општина Шуто Оризари, во моментот сведочи во Кривиниот суд за она што го видел во Собранието на 27 април 2017 година, кога се случи “Крвавиот четврток”.
Тој истакна дека дента бил во законодавниот дом, бидејќи тогаш ја извршувал функцијата пратеник.
-Кога влезе толпата размислувавме што да правиме. Јас знам да се бранам сам, ама бидејќи имаше многу луѓе чекавме да видиме што ќе се случи. По мене лично не посегна никој да ме нападне, но го нападна мојот другар Павле Богоевски и Енес Ибраими, кои со мене беа кај галеријата. Се обидов да се симнам, и додека одев по скалите го видов Игор Дурловски пред прес салата кој ги организираше останатите каде да се движат, рече Дудуш, кој подоцна додаде дека не е сигурен за Дурловски дека ги организирал останатите, напомнувајќи дека така му изгледало.
Тој истакна дека биле преплашени и дека не верувал дека ќе излезат живи.