Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Шуто Оризири, Курто Дудуш, го осуди инцидентот во оваа општина завчера вечерта, во кој беше повреден неговиот противкандидат и актуелен градоначалник, Елвис Бајрам. Тој упати апел до јавоноста дека секое насилство, особено во изборен период, е недозволиво.
„Јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во фер и демократска атмосфера, не дозволувајќи настанот кој се случи да поттикне понатамошни тензии и инциденти. Бидејќи не бев присутен на настанот, не сум во можност да дадам објективна слика и детали за настанот, но верувам во работата на институциите и во интерес на истрагата нема да излегувам со детали кои ги имам слушнато од сведоци. Да оставиме институциите да си ја завршат професионално работата и за крајниот исход по завршување на истрагата ќе биде известена и целата јавност“, стои во соопштението на Дудуш.