Дуда: Ако Бугарија каже „не“ за ЕУ и по изборите лично ќе се заложам да се реши прашањето

by Fokus

Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција, став во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ Доколку Бугарија и понатаму реагира неконструктивно, односно каже „не“ за влезот на Северна Македонија јас лично ќе истапам и ќе се заложам за изготвување документ за полесно да се справите со прашањето за влез во ЕУ, вели полскиот претседател Анджеј Дуда.

-Република Бугарија е се уште во изборен процес и се уште новата влада таму не е формирана и се очекуваат во наредниот период резултати од целиот тој изборен процес. Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција, став во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ.

 

Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на Република Северна Македонија за влез во ЕУ и овде би сакал јавно да изјавам дека доколку Република Бугарија и понатаму реагира неконструктивно односно каже НЕ за влезот на Северна Македонија јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање во влез во ЕУ, рече Дуда на новинарско прашање на заедничката прес конференција во Скопје со неговиот домаќин Стево Пендаровски.

Поврзани новости