702
Пејачката Дуа Липа ги шокираше обожавателите бидејќи се најде фатена во „љубовен триаголник“ со ѕвездата на „Нетфликс“, Арон Пајпер и пејачката ФКА Твигс, пишува „Дејли мејл“.
Дуа ги поттикна гласините за романса кога беше снимена како разменува нежности со Арон (25) во ноќен клуб во Мадрид, но само еден ден подоцна, 34-годишната ФКА Твигс објави видео на ТикТок во кое страсно се бакнува со Арон, ѕвездата на хит серијата „Елита“.
Обожавателите на Твитер го изразија својот шок од „замрсената“ ситуација, иако неколкумина шпекулираа дека тоа е маркетиншки трик за да се уфрли синглот на Дуа и ФКА Твигс, „Why Don’t You Love Me“, прашувајќи се дали ова намерно го прават, односно дали е во прашање музички спот во кој би можел да глуми Арон.